Движењето „Ниту една повеќе“ одржа протест пред Собрание
- Со блокада на улицата пред Собранието во Скопје, Движењето - Ниту една повеќе изрази револт поради третманот што жртвите на насилство го добиваат.
Скопје, 25 септември 2025 (МИА) - Со блокада на улицата пред Собранието во Скопје, Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и мноигу други случаи на фемициди кои според нив имаат несоодветен третман од институциите.
Учесниците во протестот посочија дека жените во оваа држава, како и во светот, не се заштитени.
- Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме - ниту една повеќе, беше кажано на настанот.
На протестот повторно беа побарани измени во Кривичниот законик, како и насилството врз жените да се гони по службена должност, а беше и најавено дека вакви собири се планира да се одржуваат секој четврток.
Испратен беше повик сите заинтересирани да го кажат своето искуство на темата и да ја споделат својата приказна. бд/нд/
Фото: МИА