• среда, 17 јули 2024

Блинкен пристигна на Блискиот Исток, првата средба во Каиро со претседателот Ал-Сиси

Блинкен пристигна на Блискиот Исток, првата средба во Каиро со претседателот Ал-Сиси

Каиро, 10 јуни 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна на Блискиот Исток со надеж дека ќе се постигне прекин на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас.

Блинкен се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси во Каиро, а во текот на денот треба да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Израел.

Пред неговото патување, Израел продолжи со нападите во централниот и јужниот дел на Појасот Газа.

Пред пристигнувањето на Блинкен, високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, ја повика американската администрација да изврши притисок врз Израел да ја прекине војната во Газа.

„Хамас е подготвен да се вклучи во секоја иницијатива што обезбедува крај на војната“, рече тој.

Војната влезе во деветтиот месец откако борците предводени од Хамас убија 1.200 луѓе и зедоа околу 250 заложници во нападот во јужен Израел на 7 октомври. Како одговор, Израел започна напад врз Појасот Газа во кој досега загинаа повеќе од 37.000 Палестинци. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан