• понеделник, 23 декември 2024

Блинкен пристигна во Египет на разговори за прекин на огнот во Газа

Блинкен пристигна во Египет на разговори за прекин на огнот во Газа

Kaиро, 20 август 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во египетскиот град Ел Аламеин во рамки на турнејата чија цел е да ги убеди страните во конфликтот во Појасот Газа да прифатат прекин на огнот придружен со размена на израелски заложници за палестински затвореници.

Шефот на американската дипломатија пристигна директно од Тел Авив, каде разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Според Блинкен, Нетанјаху потврдил дека „Израел го прифаќа компромисниот план“ за примирје претставен минатата недела од Вашингтон.

Американскиот државен секретар го повика палестинското исламистичко движење „Хамас“ „да го стори истото“.

Блинкен се очекува да се сретне со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и министерот за надворешни работи Бадр Абделати. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан