• петок, 22 ноември 2024

Блинкен по средбата со Сиси: Патот кон палестинска држава е најдобриот начин за изолација на Иран

Блинкен по средбата со Сиси: Патот кон палестинска држава е најдобриот начин за изолација на Иран

Каиро, 11 јануари 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека патот кон создавање палестинска држава е најдобриот начин за стабилизирање на Блискиот Исток и изолација на Иран и неговите сојузници.

-Доколку тргнеме по тој пат, тоа е најдобриот можен начин да се изолира и маргинализира Иран и неговите сојузници кои предизвикуваат толку многу проблеми,  за нас и за речиси секоја друга земја во регионот, изјави Блинкен по состанокот со египетскиот претседател Фатах ел Сиси во Каиро, пренесуваат британските медиуми.

Посетата на Блинкен на Каиро доаѓа само еден ден откако Египет и Јордан предупредија дека воената акција на Израел, во која загинаа повеќе од 23.000 Палестинци, не смее да доведе до раселување на повеќе од два милиона лица од Појасот Газа или до израелска окупација на областа. сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан