Блинкен: Вашингтон не е вмешан во убиството на лидерот на Хамас
- Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Вашингтон не е вмешан во убиството на лидерот на палестинската организација Хамас, Исмаил Ханија, извршено во Иран
![Блинкен: Вашингтон не е вмешан во убиството на лидерот на Хамас](https://mia.mk/images/20240731144730_big_730x400_17.webp )
Сингапур, 31 јули 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Вашингтон не е вмешан во убиството на лидерот на палестинската организација Хамас, Исмаил Ханија, извршено во Иран.
- Тоа е нешто за што не знаевме, ниту бевме вклучени, истакна Блинкен при неговата посета на Сингапур.
Тој додаде дека САД ќе вложат максимални напори за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на Израелците кои се заложници на Хамас.
Ханија живееше во Катар, но допатува во Иран да присуствува на инаугурацијата на новиот шеф на иранската држава. ми/
фото: МИА архива