Шефот на ОН ги оквалификува нападите врз цели во Бејрут и во Техеран како „опасна ескалација“

Њујорк, 31 јули 2024 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги осуди нападите врз цели во Бејрут и во Техеран како „опасна ескалација“, откако во акција на ИДФ беше убиен висок командант на Хезболах во Либан, а Хамас рече дека нивниот политички шеф е убиен во Иран.
„Генералниот секретар верува дека нападите во Јужен Бејрут и во Техеран претставуваат опасна ескалација во момент во кој сите напори треба да доведат до прекин на огнот во Газа“ и „ослободување на сите израелски заложници“, нагласува во соопштение Стефан Дужарик, портпаролот на ОН. зш/