• вторник, 24 декември 2024

Нетанјаху : Секоја агресија против Израел скапо ќе ги чини за оние кои ќе ја преземат

Нетанјаху : Секоја агресија против Израел скапо ќе ги чини за оние кои ќе ја преземат

Teл Авив, 31 јули 2024 (МИА) - Израел ќе одговори со сила на секој напад, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по убиството на лидерот на политичкото крило на Хамас Исмаил Ханија во воздушен напад во Техеран и висок лидер на Хезболах во Бејрут.

„Граѓани на Израел, претстојат тешки денови. По нападот во Бејрут, заканите доаѓаат од сите страни. Подготвени сме на секое сценарио и ќе останеме обединети и решителни против секоја закана. Секоја агресија против Израел ќе биде скапа за оние кои ќе преземат тоа, на кој било фронт“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.

Тој додаде дека Израел им нанел тешки удари на полномошниците на Иран во изминатите неколку дена, вклучувајќи ги Хамас и Хезболах. Сепак, израелскиот премиер не го спомна конкретно убиството на Ханија, што поттикна закани за одмазда.

 „Ја елиминиравме десната рака на (лидерот на Хезболах) Хасан Насрала, кој е директно одговорен за масакрот на децата“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.

Тоа беше прва изјава на израелскиот премиер по убиството на Ханија, која дојде само неколку часа по нападот во кој загина висок командант на Хезболах во Бејрут.зш/
фото ЕПА

Остани поврзан