• понеделник, 23 декември 2024

Близу 3,2 милиони денари за половина година од продажбата на градежно земјиште во Кочани

Близу 3,2 милиони денари за половина година од продажбата на градежно земјиште во Кочани

Кочани, 18 јули 2023 (МИА) – Од продажбата на државно градежно земјиште во Кочани, во првите шест месеци од годината се остварени приходи од близу 3,2 милиони денари.

Во споредба со минатата година, приходите по овој основ се тројно помали, што се должи на намалената заинтересираност кај инвеститорите за купување парцели за индивидуално домување и за стопански дејности.

-На последното електронско јавно наддавање за оттуѓување државно земјиште, што се одржа во април, беа понудени 14 парцели за индивидуално домување и една за објект за лесна и незагадувачка индустрија. Се продадоа седум парцели за домување во износ од над 766 илјади денари, а за парцелата за комерцијална дејност е постигната е цена од околу 2,4 милиони денари, се истакнува во писмениот извештај од Комисијата за оттуѓување на градежното земјиште на Општина Кочани.

Покрај приходите од продажбата со јавно наддавање, во првата половина од годината биле поднесени и осум барања за оттуѓување државно градежно земјиште со непосредна спогодба, од што е остварен приход од над 550 илјади денари.

Дополнително, на општинската буџетска сметка се наплатени и приходи од над половина милион денари по основ на договорна казна за неисполнување на обврските од договорите за отуѓување на градежно земјиште за овој период.та/бт/

фото: МИА

Остани поврзан