• понеделник, 01 јули 2024

Би-би-си снима ТВ-серија со Грета Тунберг

Би-би-си снима ТВ-серија со Грета Тунберг
Лондон, 11 февруари 2020 (МИА) - Телевизиската корпорација Би-би-си ќе снима документарна ТВ-серија со 17-годишната активистка за климатски промени Грета Тунберг. „Серијата ќе ја следи светската одисеја на Грета, што ја постави на првите борбени линии на климатските промени и ја однесе на најнеобичните места на Земјата, каде што таа истражува каква штета веќе е направена и што може да се преземе“, се вели во објавата на Би-би-си. Проектот беше најавен вчера, но сè уште нема подробности околу датумот на прикажување, како ни за бројот на епизоди. си/сд/

Остани поврзан