• понеделник, 08 јули 2024

БиХ и Шпанија со победа го отворија Евробаскет 2022

БиХ и Шпанија со победа го отворија Евробаскет 2022
Тбилиси, 1 септември 2022 (МИА) – Репрезентациите на Шпанија и на Босна и Херцеговина забележаа победи на стартот на Европското кошаркарско првенство кое се одржува во четири земји. Шпанците во Тбилиси (Грузија) ја совладаа Бугарија со убедливи 114:87, додека Босна и Херцеговина забележа триумф над Унгарија со 95:85 на средбата одиграна во Келн, Германија. До крајот на првиот ден на Евробаскет 2022 ќе се одиграат уште четири натпревари: Турција – Црна Гора (16:15 часот) Словенија – Литванија (17:15 часот) Белгија – Грузија (19 часот) Франција – Германија (20:30 часот). зс/

Остани поврзан