Битолчанецот Дејан Младеновиќ најдобар камерман на ФАДФ „Камера 300“
- Дејан Младеновиќ, камерман од Битола е годинашен добитник на наградата на Општина Битола - Плакета за најдобра камера на Интернационалниот фестивал на аматерски непрофесионален документарен филм „Камера 300“. Младеновиќ наградата ја доби за документарниот филм посветен на новинарот Димче Миновски, а чиј автор е Шенол Мемиш.
Битола, 4 ноември 2024 (МИА) - Дејан Младеновиќ, камерман од Битола е годинашен добитник на наградата на Општина Битола - Плакета за најдобра камера на Интернационалниот фестивал на аматерски непрофесионален документарен филм „Камера 300“. Младеновиќ наградата ја доби за документарниот филм посветен на новинарот Димче Миновски, а чиј автор е Шенол Мемиш.
Организаторот на ФАДФ „Камера 300“ додели посебни награди за аматерски филмови, за најдобра репортажа, режија, монтажа, сребрен медал на УНИКА, плакета за идеја „Стево Сидовски-СИДО“, како и специјални награди плакети за автори од државата и странство.
Интернационалниот фестивал на аматерски непрофесионален докуметарен филм „Камера 300“ секоја година се одржува во рамки на празничната програма за Денот на ослободувањето на Битола, финансиран е од Агенцијата за филм и е поддржан од локалната самоуправа. мт/мд/
Фото: МИА