• недела, 22 декември 2024

Битиќи: Над 2 милијарди евра обезбедивме за поддршка на граѓаните и компаниите

Битиќи: Над 2 милијарди евра обезбедивме за поддршка на граѓаните и компаниите

Скопје, 17 декември 2023

Над 2 милијарди евра пари вративме кај граѓаните и компаниите со деветте пакети на анти-кризни мерки, ниту една влада од осамостојувањето досега нема направено вакво нешто, порача на трибината „Повеќе за сите!“ во Кичево потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Неуморни сме, и понатаму продолжуваме да се грижиме за оние на кои најмногу им е потребна помош и во делот на трошоците за струја. Преку Програмата за енергетска сиромаштија, предвидени се 1 милион евра за финансиска поддршка на над 5.000 семејства. Овде е и мерката за субвенционирање на струјата, со што овозможуваме 90% субвенционирање на цената на струјата и ги штитиме семејните буџети од ценовен шок на сметките за струја.  Со ова директно го заштитуваме семејниот буџет на 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи, за што проценката е дека ќе бидат потребни 35 милиони евра“, рече потпретседателот на партијата Битиќи.

Тој пред кичевчани појасни дека финансиска поддршка за сметките за струја  е предвидена  за домаќинства со ниски приходи - корисници на ГМП и социјална пензија, за кои поддршката изнесува 1.200 денари месечно во наредните 6 месеци. Со оваа мерка ќе се опфатат над 50.000 корисници со вкупен износ од 5,9 милиони евра.

„Се грижиме и за куповната моќ на граѓани, со помалку пари да може да купат повеќе основни производи. Како дел од мерките е предвидено и одлука за одобрување на користење на дехидрирано млеко за производството на млеко и млечни производи, со што директно ќе се влијае на намалување на малопродажните цени млекото и млечните производи“, рече потпретседателот Битиќи и порача дека СДСМ испорачува резултати кои прават разлики и затоа на претседателските и парламентарните избори ќе се успее, ќе победи.

Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ

________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

 

Остани поврзан