• четврток, 19 декември 2024

Бизнис делегација од Словенија го посети МИОА

Бизнис делегација од Словенија го посети МИОА

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) денеска беше домаќин на бизнис делегација од Република Словенија. За време на средбата, министерот Азир Алиу ги истакна проектите и предизвиците со коишто се соочува Република Северна Македонија во сферата на дигитализацијата, информатичката технологија, администрацијата и медиумите, соопштија од МИОА.

- Ние, како две држави, веќе соработуваме на разни видови проекти во сферите од интерес. Драго ми е што сум домаќин на делегацијата составена од бизнисмени и ИТ експерти кои ги претставија потенцијалите на Словенија и можностите за соработка со МИОА и други државни институции. Како Министерство, имплементираме процеси и стратегии кои веќе ги спроведе Словенија, се наведува во писмената изјава на Алиу.

Според Отмар Зорн, претставник на делегацијата од Словенија, изразен е сериозен интерес за соработка со институции и компании од Северна Македонија во насока на размена на ИТ решенија, дигитализација, подобрување на административните капацитети и поддршка на проекти поврзани со медиумите.

Како што појаснуваат од МИОА, делегацијата од Словенија ја претставувале бизнисмени од компаниите „Sfera IT“, „A-soft company“, „Actual IT“,„Interexport“ и „CargoX“. На состанокот присутни биле и претставници на Министерството за здравство, со кое, како што наведуваат, постојат сериозни потенцијали за размена на знаења и ИТ решенија и соработка на разни проекти.

- Со словенечката делегација присуствуваше и поранешниот министер за образование, наука и спорт Јернеј Пикало, кој го сподели своето искуство во областа на дигитализацијата и јавната администрација, а пред сѐ стратегии за едукација на населението за дигиталната ера, пишува во соопштението.

Делегацијата од Словенија остварила и неколку бизнис средби со македонски компании. бд/дма/

Фото: МИОА

Остани поврзан