• вторник, 02 јули 2024

Бејкон потпиша за Панатинаикос

Бејкон потпиша за Панатинаикос
Атина, 22 октомври 2022 (МИА) – Грчкиот кошаркарски великан, Панатинаикос објави информација за постигнат договор за соработка со Двејн Бејкон. Дваесет и седумгодишниот Американец потпиша двегодишен договор со Пао. Минатата сезона Бејкон играше за Монако, со просек од 14 поени во натпреварите од Евролигата. Во септември 2022 година Бејкон потпиша со НБА-лигашот Лос Анџелес лејкерс, но во октомври договорот беше раскинат и играчот се врати во Европа. зс/

Остани поврзан