• понеделник, 23 декември 2024

ЕВРО2024: Спречен влез на 37 хулигани

ЕВРО2024: Спречен влез на 37 хулигани


Берлин, 1 јули 2024 (МИА) – Полицијата во германската покраина Баварија, која патролира на границите со Австрија и Чешка, спречи влез на 37 лица осомничени дека се агресивни фудбалски хулигани, соопшти денеска полицијата во Минхен.
Дополнителните гранични контроли беа повторно воведени на 7 јуни по повод Европското фудбалско првенство.
Други 186 лица беа уапсени на граничните премини, откако е утврдено дека се бараат по потерници
Според организаторите, досега на ЕВРО2024 во Германија нема сериозни проблеми со однесувањето на навивачите. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан