• петок, 22 ноември 2024

Бечиќ: Изборот на новата Влада на Црна Гора е забавен поради различните визии во ПЕС

Бечиќ: Изборот на новата Влада на Црна Гора е забавен поради различните визии во ПЕС

Подгорица, 21 септември 2023 (МИА) - Изборот на нова влада е забавен поради фактот што во Движењето Европа сега (ПЕС) постојат различни визии за тоа како да се формира владата, изјави денеска лидерот на Демократска Црна Гора, Алеска Бечиќ.

Бечиќ во разговор со британскиот амбасадор Дон МекКен, кажал дека му е драго што и ПЕС јасно објави дека изборот на новата влада не може да зависи од гласот на пратениците од листата предводена од Демократската партија на социјалистите, пренесе МИНА.

-Од друга страна, загрижува и го забавува самиот процес, фактот што во ПЕС очигледно има различни визии во однос на начинот на формирање на владата. Решението за формирање на владата лежи во изнаоѓање заеднички јазик меѓу мандатарот и претседателот на државата, односно претседателот и заменик-претседателот на ПЕС, смета Бечиќ.

Тој додаде дека очекува сите актери кои се залагаат за силна, граѓанска, европска и евроатлантска Црна Гора, како и оние кои се залагаат за функционалност на институциите и социјално-економско зајакнување на граѓаните, да бидат столбови на конструктивни решенија, а не генератори на проблеми.

Бечиќ кажа дека демократите се силно посветени на владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата и дека надворешнополитичкиот курс на партијата се заснова на зајакнување на европскиот и евроатлантскиот пат на земјата.

Тој посочи дека демократите ја практикуваат власта во 80 проценти од општините во Црна Гора, го поттикнуваат вклучувањето на младите и жените и дека пред се тие се партија од граѓански карактер која промовира мултикултурализам и плурализам. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан