• понеделник, 01 јули 2024

Бесплатна школа за уметничка фотографија во Куманово

Бесплатна школа за уметничка фотографија во Куманово

Куманово, 25 септември 2023 (МИА) - Фото клуб Куманово организира бесплатна школа за уметничка фотографија, соопштија денеска од клубот и ги повикаа заинтересираните да се пријават. Школата ќе се реализира во периодот октомври 2023 – јуни 2024 година и тематски ќе биде поделена на два дела.

Учесниците во првиот дел ќе слушаат предавања од историјата и филозофијата на фотографијата како и техничките (аналогна фотографија и филм, бленда, експозиција, ISO сензитивност, фокус) и естетските (кадар, композиција, боја, текстура и сл.) сегменти на фотографската уметност. Вториот дел од школата ќе биде посветен на дигитална манипулација со фотографии и користење на Adobe Photoshop. За време на фото школата ќе бидат организирани повеќе фото-сафари дружења во Куманово и околината.

- Исто така, раководителите на фото школата ќе се потрудат да овозможат предавања на познати домашни и светски фотографи со цел доближување на курсистите до актуелните трендови во уметничката фотографија. Планирани се и напредни фото курсеви на теми како црно-бела (noir) фотографија, астрофотографија и фотографски звања, информираат од Фотоклубот. Предавањата ќе ги држи искусниот фотограф Владимир Јовановски, заедно со претседателот на фото клуб Куманово – Марина Крстиќ и Стефан Илиевски, велат од клубот.

Предавањата ќе се одржуваат во просториите на фото клуб Куманово на адреса „Титова Митровачка“ бр. 2, населба „Гоце Делчев“. Курсистите што ќе ја завршат фото школата ќе се стекнат со сертификат за завршен курс и ќе добијат право да станат членови на клубот. Пресек од најуспешните фотографии на курсистите ќе биде изложен на „Малински фото фестивал 2024“. ам/ љм

Фото: Фотоклуб Куманово

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан