Бесплатна вакцинација против сезонски грип од денеска и во Здравствен дом во Велес
- Во просторија на ЈЗУ Здравствен дом во Велес во одделот на Детско од денеска се врши бесплатната вакцинација против сеознски грип.
Велес, 23 ноември 2023 (МИА) - Во просторија на ЈЗУ Здравствен дом во Велес во одделот на Детско од денеска се врши бесплатната вакцинација против сеознски грип.
- На оваа вакцинација во овој пункт може слободно да се јават сите граѓани кои досега не аплицирале и не добиле термин за бесплатна вакцинација. Сите граѓани кои сакаат да се заштита од сезонски грип а се од ранливите категории како и лица над 65 години слободно можат да се јават и веднаш да бидат вакцинирани, информира за МИА, д-р Марина Тодоровска, раководител на превентивна служба од ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Таа појасни дека од Министерството за здравство вчера добиле дополнителни 200 бесплатни вакцини против сезонски грип, а денеска, на првиот ден од вакцинацијата, веќе се вакцинирале петмина заинтересирани граѓани.
Д-р Тодоровска информира дека во рамките на теренската вакцинација од „Врата до врата“ за вакцинирање на претшколски и школски деца, како новина од Министерството за здравство, годинава во текот на овој месец теренски против сезонски грип вакцинирале возрасни граѓани. Најмногу заинтересирани при теренските посети на нивните екипи биле од Градско и Чашка.
Воедно во овој пункт во ЈЗУ Здравствен дом во Велес освен од Општина Велес, може да дојдат и веднаш да се вакцинираат против сезонски грип и жители на Општините Градско и Чашка.
Пунктот е отворен секој работен ден од понеделник до петок од 8 до 12 часот.
- Тука бесплатно можат да се вакцинираат и граѓани кои веќе добиле термин за вакцинација, но, од разни причини не успеале да отидат на закажаниот термин во Хигиенски дом. Затоа, тие, сега како втора шанса за бесплатна вакцинација против сезонски грип, а беа никаква најава слободно може да дојдат во ЈЗУ Здравствен дом во Велес и веднаш ќе бидат вакцинирани без никакво закажување на термин, потенцира д-р Тодоровска. ад/ар/