• недела, 15 јуни 2025

Беровскиот совет со одлука за финансиска поддршка на семејствата на загинатите во несреќата во Кочани

Беровскиот совет со одлука за финансиска поддршка на семејствата на загинатите во несреќата во Кочани

Берово, 26 март 2025 (МИА) - Советот на Општина Берово донесе Одлука за доделување финансиска помош во износ од 300.000,00 денари. Помошта, како што стои во објавата на Советот, се доделува во знак на хуманост и солидарност за семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. 

-Нема зборови за утеха, за прекинатата младост и затоа изразуваме сочувство до семејствата. Ова е само мал дел од она што можеме да направиме за барем малку да ја олесниме болката, се вели во објавата на Советот на Општина Берово. 

Поддршка за оваа одлука советниците во целост имаат и од беровскиот градоначалник Звонко Пекевски.

Средствата за помош на семејствата на загинатите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Берово. вс/мд/


 Фото: Општина Берово
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан