• четврток, 25 април 2024

Бербок во втора посета на Израел од почетокот на војната

Бербок во втора посета на Израел од почетокот на војната

Берлин, 19 октомври 2023 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска ќе дпатува во втора посета на Израел откако почнаа смртоносните напади на Хамас за да изрази „непоколеблива солидарност“ и да помогне да се обезбеди пристап на Палестинците до помош.

Нејзината посета, во рамки на која ќе отпатува и за Јордан и Либан, каде денеска ненадејно пристигна германскиот министер за одбрана Борис Писториус, ќе трае до сабота, пренесоа агенциите.

Пред заминувањето, Бербок нагласи дека Израел има „право да се брани од теророт на Хамас“ и ја обвини екстремистичката организација дека го користи цивилното население во Газа како „човечки штит“. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан