• петок, 22 ноември 2024

Белорусија и Кина ќе ја зајакнат соработката во трговијата и безбедноста

Белорусија и Кина ќе ја зајакнат соработката во трговијата и безбедноста

Минск, 23 август 2024 (МИА) - Кина и Белорусија се согласија да ја зајакнат соработката во низа сектори, вклучувајќи трговија, безбедност, енергетика и финансии, се наведува во заедничка изјава објавена по средбата на кинескиот премиер Ли Чијанг и белорускиот премиер Роман Головченко во Минск.

Во изјавата се наведува дека двете земји ќе ја зајакнат соработката во индустриските синџири на снабдување и ќе продолжат со олеснување на трговијата за да се намалат трошоците за двете страни.

Белорусија исто така планира да ја продлабочи соработката со регионот Гуангдонг-Хонг Конг-Макао, меѓу кои се градовите Гуангџоу, Шенжен и Жухај, објави кинеското министерство за надворешни работи.

Според „China Daily“, Белорусија беше една од првите земји кои одговорија на кинеската иницијатива „Појас и пат“, а Ли истакна дека кинеско-белоруските односи останале силни последните 32 години, и покрај промените во меѓународниот пејзаж. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан