• среда, 15 мај 2024

Белингем ја напушти репрезентацијата на Англија поради повреда

Белингем ја напушти репрезентацијата на Англија поради повреда

Лондон, 14 ноември 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид и Англија, Џуд Белингем, нема да учествува на завршните натпревари на националниот тим во квалификациите за Европското првенство 2024.

Белингем ќе се врати во својот клуб за да продолжи да закрепнува од повредата. На 20-годишниот играч на Реал Мадрид претходно му беше дијагностицирана повреда на левото рамо по неодамнешната дислокација. 

Исто така поради повреда, репрезентацијата ја напушти и дефанзивецот на Челзи, Леви Колвил.

„Оздравете наскоро момци“, објави англискиот тим на социјалните мрежи.

Селекцијата на Англија ќе игра против Малта на 17 ноември, а на 20 ќе гостува во Скопје кај македонската репрезентација. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан