• недела, 12 мај 2024

Белингем суспендиран два натпревари

Белингем суспендиран два натпревари

 

Мадрид, 6 март 2024 (МИА) – Суспензија од два натпревари му изрече денеска Фудбалската федерација на Шпанија на играчот за врска на мадридски Реал, Џад Белингем, по црвениот картон што му беше покажан на натпреварот против Валенсија (2-2) минатата сабота.

Реал, кој води на табелата во Ла Лига пред второпласираната Жирона и третопласираната Барселона, вложи жалба на казната која надлежната комисија ја одби.

Белингем на гостувањето во Валенсија вербално го нападна судијата Хезус Хил Манзано, кој отсвири крај на натпреварот секунда – две пред фудбалерот на Реал да постигне гол.

Во својот извештајот, главниот судија на натпреварот образложи дека го исклучил Белингем, кој по „завршувањето на натпреварот му пристапил на теренот со агресивен став и повишен тон“.

Белингем, кој е водечки стрелец во шпанското првенство со 16 голови, поради суспензијата ќе ги пропушти натпреварите против Селта и Осасуна. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан