• четврток, 14 ноември 2024

Белград започна со изработка на просторно-техничка документација за гасната интерконекција Србија-Северна Македонија

Белград започна со изработка на просторно-техничка документација за гасната интерконекција Србија-Северна Македонија

Белград. 19 април 2023 (МИА) - Паралелно со изградбата на гасната интерконекција Србија-Бугарија, српските власти започнаа со изработка на просторно-техничка документација за изградба на гасната интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ посетувајќи ги работите на гасната интерконекција Србија-Бугарија, истакна дека изградбата на гасната интерконекција е од стратешко значење за српскиот енергетски сектор.

- Изградбата на гасната интерконекција Србија-Бугарија има регионално значење и затоа имаме силна финансиска поддршка од ЕУ за овој проект. Паралелно со реализацијата на овој проект, започнавме со изработка на просторно-техничка документација за уште еден важен проект за диверзификација на гасот на Србија, а тоа е изградба на гасна интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија, рече Ѓедовиќ

Овој проект постојано се наведува како значаен за диверзификација на снабдувањето со гас за Србија, а уште во ноември 2021 година министерот за економија Крешник Бектеши и тогашната српска министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ се договорија за формирање работна група за изградба на гасна интерконекција меѓу двете земји, која ќе биде раководена од претставници на соодветните министерства.

Директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ повеќепати ја потенцираше важноста од изградбата на интерконектор Србија - Северна Македонија.

- Мораме да го изградиме и интерконекторот кон Северна Македонија, тоа е европско барање. Нашата идеја е да го гасифицираме и Лесковац. Во Врање треба да се изградат две огромни фабрики, рече Бајатовиќ.

Со изградба на гасна интерконекција со Северна Македонија, Србија ќе може да се поврзе со Јужниот гасен коридор.

При посетата на премиерот Ковачевски на Белград на 31 март беше потпишан Меморандум за соработка во областа на рударството и енергетиката, со кој се поттикнуваат и поддржуваат заедничките инвестиции од двете земји, особено за градење на капацитети за користење на обновливи енергетски извори, производство на енергија и меѓусебно поврзување на системите за гас и електрична енергија на Северна Македонија и Србија.

Регионалната соработка е единствениот начин да се преброди која било криза и да се изгради енергетска независност. Ова е можност да се искористат ресурсите од зелената енергија со кои распола

- Би сакал да истакнам дека разговаравме и практично веќе е договорено и Србија да се приклучи на гасоводот што ќе се гради од Грција кон Северна Македонија. Ние во текот на минатата недела, со Министерството за економија, со компаниите од нашата држава задолжени за енергетика веќе одлучивме дека капацитетот на тој гасовод ќе биде на максимално ниво со оглед на тоа дека сакаме да обезбедиме капацитет Србија веднаш да може со интерконектор да се поврзе на овој значаен гасовод. Со тоа ќе се обезбеди уште еден извор за снабдување со гас за Србија, тоа значи пристап до гасот кој ќе од ЛНГ терминалите во Витуза и Александрополи, како и до постојните гасоводи ТАБ и ТАН, изјави Ковачевски.

Во рамките на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан усвоен од Европската комисија со цел да се поттикне долгорочното економско закрепнување на регионот и усогласување на регионалните економии со економијата на ЕУ, вреден 9 милијарди евра, беа наведени 10 водечки инвестиции во клучните области за економски развој.

Неколку иницијативи се однесуваат конкретно на Србија и Северна Македонија, а во Иницијативата 5 - Транзиција од јаглен, вклучени се изградба на гасната интерконекција Северна Македонија - Србија и почеток на изградба на интерконекција Северна Македонија - Косово, како и завршување на Трансбалканскиот коридор за пренос на електрична енергија во Србија во рамките на интерконекција меѓу Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. об/сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан