• недела, 22 декември 2024

Белгија ќе го повика на разговор кинескиот дипломат по наводите за кибер напад

Белгија ќе го повика на разговор кинескиот дипломат по наводите за кибер напад

Брисел, 25 април 2024 (МИА) – Белгиското Министерство за надворешни работи ќе го повика кинескиот вршител на должноста по наводите за кибер напад врз парламентарци.

Медиумите, повикувајќи се на извештај на американското Федерално истражно биро (ФБИ) кинески хакери во 2021 година преку електронска пошта ги хакирале лаптопите на претседателката на белгискиот Комитет за надворешни работи, Елса Ван Хоф и на потпретседателот Самуел Коголати.

Не е познат обемот на влијание од кибер нападот, но според ФБИ, кинеските хакери успеале да добијат „АјПи“ (IP) адреси.

По неодамнешните извештаи за заплашување и хакирање на членовите на белгискиот Парламент, повикан на разговор е кинескиот вршител на должноста, напиша на Икс белгиската шефица на дипломатијата Хаџа Лахбиб.

Таа додаде дека „парламентарците мора да можат слободно да работат. Ова е основата на нашата демократија“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан