• петок, 28 јуни 2024

Белгиски медиуми: Русија шпионира во Северното Море со цивилни пловни објекти

Белгиски медиуми: Русија шпионира во Северното Море со цивилни пловни објекти

Брисел, 20 јуни 2024 (МИА) - Русија врши шпионажа во Северното Море со цивилни пловни објекти, објавија денеска белгиските медиуми, повикувајќи се на податоци од новинарска истрага. Забележано е дека сомнителни движења се откриени во области каде што минуваат подземни комуникациски и енергетски кабли, како и во близина на ветерници и гасоводи.

Истрагата следеше 945 движења на 200 руски бродови, од кои повеќето беа откриени дека се на помалку од еден километар до чувствителна поморска инфраструктура. Пред еден месец беше објавено дека од почетокот на годината, во близина на белгискиот брег биле забележани најмалку пет бродови за кои постои сомневање дека се користени за разузнавачки цели.

Белгиската канцеларија за поморска безбедност прецизира дека станува се потешко да се процени кои пловни објекти се користат за шпионажа, бидејќи за таа цел не се користат само воени и истражувачки, туку и рибарски бродови.зш/

Остани поврзан