• понеделник, 25 ноември 2024

Бела куќа: Северна Кореја „ќе ја плати цената“ за снабдувањето на Русија со оружје

Бела куќа: Северна Кореја „ќе ја плати цената“ за снабдувањето на Русија со оружје

Вашингтон, 5 септември 2023 (МИА) - Северна Кореја ќе ја „плати цената“ за секоја испорака на оружје за Русија за поддршка на војната во Украина, предупреди денеска Белата куќа.

-Тоа нема да испрати добра слика на Северна Кореја и тие ќе ја платат цената во меѓународната заедница, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан на прашањето на новинарите за извештаите за „активни дискусии“ меѓу Москва и Пјонгјанг за испораката на оружје.

Њујорк тајмс објави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун планира да ја посети Русија во септември и да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за продажбата на оружје за војната во Украина.

Од Пјонгјанг, Ким најверојатно ќе отпатува со оклопен воз до Владивосток, на рускиот брег на Тихиот Океан, каде што ќе се сретне со Путин, пишува весникот.

Подоцна, портпаролката на Белата куќа изјави дека преговорите за испорака на оружје меѓу Русија и Северна Кореја „активно напредуваат“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан