• понеделник, 23 декември 2024

Без струја утре дел од општините Ѓорче Петров и Илинден

Без струја утре дел од општините Ѓорче Петров и Илинден

Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Илинден.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје,  утре во периодот од 10:30 до 15:15 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул.„Воин Драшкоци“, „Лихнида“, а можно е и дел од корисниците на ул. „Александар Мартулков“ и „Панко Барашанов“ во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од новопроектираната улица во новата населба„Јака“ во Марино и дел од улицата „Мост“ во општина Илинден. сст/дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан