• петок, 10 мај 2024

Без струја утре дел од општините  Карпош, Петровец,  Ѓорче Петров и Чучер Сандево

Без струја утре дел од општините  Карпош, Петровец,  Ѓорче Петров и Чучер Сандево

Скопеј, 5 март 2024 (МИА) - Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините  Карпош, Петровец, Ѓорче Петров и Чучер Сандево.

-Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од Горно Нерези во општина Карпош, од 08:30 до 14:30 часот корисниците од селата Тогинци, Катлановско Блаце, Кожле и Бадар во Катланово, општина Петровец, од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците од ул.„Тодор Ципоски Мерџан“ во општина Ѓорче Петров, а во периодот од 12:00 до 16:00 часот корисниците од селата Горњани и викендиците од Горњане во општина Чучер Сандево, соопшти РЦУК Скопје. дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан