Без струја утре дел од корисниците во Карпош и Аеродром
- Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје по добиено известување од ЕВН соопшти дека утре од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Влае“ и „Франце Прешерн“ во Општина Карпош.
Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје по добиено известување од ЕВН соопшти дека утре од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Влае“ и „Франце Прешерн“ во Општина Карпош.
Од 9 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од улиците „Ангел Димовски“ и „23 Октомври“ во Општина Аеродром.
Прекините во снабдувањето со електрична енергија ќе бидат поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. хс/ев/
Фото: МИА архива