Без струја утре делови од Петровец и Кисела Вода
- Без струја утре од 8:00 до 15:30 часот ќе бидат дел од корисниците во близина на регионалниот пат Скопје – Катланово, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до исклучок кон село Огњанци, дел од улиците „3“, „7“ и „2“ во Општина Петровец.

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Без струја утре од 8:00 до 15:30 часот ќе бидат дел од корисниците во близина на регионалниот пат Скопје – Катланово, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до исклучок кон село Огњанци, дел од улиците „3“, „7“ и „2“ во Општина Петровец.
Од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат делови од Пржино, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Француската амбасада и дел од корисниците лоцирани на улица „Милан Мијалковиќ“.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа. мд/аа/
Фото: МИА архива