• среда, 15 мај 2024

Без струја утре делови од општините Илинден и Карпош

Без струја утре делови од општините Илинден и Карпош

Скопје, 3 март 2024 (МИА) - Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа утре од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат дел од од ул.„1“, ул.„2“, ул.„3“ и ул.„5“ с. Белинбегово  во Општина Илинден, информира Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК - Скопје.

Без струја утре од 9 до 13 часот ќе бидат улиците  „Ловќенска“, „Леринска“, „Стрезово“ и „Багдатска“ во Општина Карпош, а од 9 до 14 часот дел од улиците „Ринхини“ и „Гари“ во Општина Карпош.

 РЦУК Скопје ја пренесува и најавата од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје дека поради приклучок на цевка од ф 80 мм на ул „Антонија Грубишиќ“ бр. 8 без водоснабдување од 08:30 часот ќе останат жителите на дел од улиците „Антонија Грубишиќ“, „Антон Груби“, „Пиринска“, „Ленинова“ и „Коле Неделковски“.лв/

Остани поврзан