Без вода утре повеќе населби во Ѓорче Петров
- Без вода утре од 09:00 часот ќе останат корисниците од населбите Ново Село, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани во Општина Ѓорче Петров.

Скопје, 3 ноември 2020 (МИА) - Без вода утре од 09:00 часот ќе останат корисниците од населбите Ново Село, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани во Општина Ѓорче Петров.
Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради поставување на мерач на проток во пумпната станица во Ново Село.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до 13:00 часот. бт/сп/