• понеделник, 18 септември 2023

Без вода утре корисници од општина Карпош

Без вода утре корисници од општина Карпош

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) - Според известување од ЈП „Водовод и канализација“, поради промена на затворачи на улицата „Осло“ број 15а, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од неколку улици во општина Карпош.

-Без вода ќе бидат корисниците од улицата „Осло“, како и од улиците „Будимпештанска“, „Душко Бојковски“ , „Бањалучка“, „Љубица Ѓоргиева“, „Урош Џудович“ и дел од „Женевска“, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Засегнатите ќе останат без вода од девет часот до завршување на интервенцијата. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан