• недела, 19 мај 2024

Без вода утре дел од Тафталиџе

Без вода утре дел од Тафталиџе

Скопје, 19 април 2023 (МИА) - Поради дефект Ф-100 мм на ул.„Атинска“ бр.1А во населба Тафталиџе, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Атинска“, „Њуделхиска“, „Римска“, „Бахар Мојс“,„Панче Пешев“ и „Наум Евро“.

Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација -  Скопје, ќе биде прекинато од 9:00 часот до санирање на дефектот. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан