• четврток, 26 март 2026

Меџити: Пораката на Рамазан Бајрам е мир и солидарност

Меџити: Пораката на Рамазан Бајрам е мир и солидарност

Скопје, 20 март 2026

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитки до сите граѓани, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба во секое семејство, се вели во соопштението од Општина Чаир што МИА го пренесува интегрално.

Тој истакна дека овој празник доаѓа по еден месец посветеност, жртва и размислување, како момент со посебна духовна и општествена вредност.

„Рамазан Бајрам е повик за зајакнување на вредностите што нè обединуваат – солидарноста, разбирањето и грижата за еден со друг. Нека овој празник биде момент на зближување меѓу луѓето и извор на надеж и добрина за секое семејство,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Во својата честитка, градоначалникот Меџити изрази желба овој празник да донесе повеќе хармонија, добрина и единство во општеството, потсетувајќи на значењето на вредностите што нè поврзуваат како заедница.

Општина Чаир

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан