• понеделник, 13 мај 2024

Без вода утре дел од корисниците во Центар и Чаир

Без вода  утре дел од корисниците во Центар и Чаир

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Корисниците на дел од ул. „Македонско-косовска бригада“, вклучително и објектите на трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и „Вива фреш стор“, утре од 9 часот ќе немаат вода поради уличен дефект ф-250 мм на  ова улица, во близина на пругата.

Од 9 часот прекинато водоснабдување утре ќе имаат и корисниците од улиците „Самоилова“, „Банатска“ и „Јоаким Крчовски“ поради дефект на затворач ф-80 мм на ул. „Самоилова“ бр. 140.

Водоснабдувањето ќе биде нормалиизрано по санација на дефектите. хс/ ев/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан