• сабота, 18 мај 2024

Без вода Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" и Кривичниот суд

Без вода Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Без вода утрово од 9:00 часот ќе биде комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" и  објектите на Основен суд I - Скопје и Основен Кривичен суд - Скопје.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде поради уличен дефект ф-150 мм на бул. „Гоце Делчев“ 9 во близина на Правниот факултет на УКИМ.

Поради технички причини при санацијата на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Основен суд I - Скопје и Основен Кривичен суд - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан