• четврток, 04 декември 2025

Без вода улици во општина Кисела Вода

Без вода улици во општина Кисела Вода

Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Без вода за пиење во моментов се дел од две улици во општина Кисела Вода, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што појаснија, станува збор за улиците „Христо Татарчев“ и „Марко Орешковиќ“, а причината била уличен дефект.

Од претпријатието потенцираа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан