Без вода поради дефект ќе останат корисниците од викенд населбата Моране
- Од 08:00 часот денеска без вода ќе останат корисниците од викенд населбата Моране, информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Скопје, 27 мај 2025 (МИА) - Од 08:00 часот денеска без вода ќе останат корисниците од викенд населбата Моране, информираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.
Прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект Ф-100мм во викенд населба Моране над црквата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Моране.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот. цр/лв/
Фото: МИА архива