Без вода населбата Пинтија
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на реконструкцијата.

Скопје, 11 ноември 2023 (МИА) - Поради реконструкција на водоводна цевка на улицата „Саса“ без број, на вториот влез во населбата Пинтија, општина Кисела Вода, денеска, од 15:45 часот, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа населба што се приклучени на старата мрежа. За ова попладнево информираа од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на реконструкцијата. бд/ир
Фото: МИА архива