Без вода корисници на ул. „Пиринска“ во Центар и на крстосницата Тајмишка/ Зеничка во Железара
- Корисниците на ул.„Пиринска“ бр. 52 во општина Центар денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување поради менување вентил на шахта на улицата, информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Скопје, 29 јули 2025 (МИА) - Корисниците на ул.„Пиринска“ бр. 52 во општина Центар денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување поради менување вентил на шахта на улицата, информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат и дека поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата Тајмишка/ Зеничка во населбата Железара прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од тие улици.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот. ац/лв/
Фото: МИА архива