Без вода корисниците од улиците „Костурска“ и „Тале Христов“ во Бутел
- ЈП Водовод и Kанализација-Скопје соопшти дека прекинот ќе биде до завршување со работните активности.

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Поради уличен дефект ф 100 мм на ул.„Костурска“ бб, кај кафулето Кока во близина на училиштето „ Арсени Јовков“ во Бутел, денеска од 10:40 часот прекинато вододснабдување имаат корисниците на дел од улиците „Костурска“ и „Тале Христов“.
ЈП Водовод и Kанализација-Скопје соопшти дека прекинот ќе биде до завршување со работните активности. дма/
Фото:МИА архива