• петок, 26 јули 2024

Без вода корисниците од две улици во Кисела Вода

Без вода корисниците од две улици во Кисела Вода

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Корисниците од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Божидар Аџија“ во општина Кисела Вода ќе немаат вода од 11.15 часот, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-200 мм на ул. „Димо Хаџи Димов“ 24 и ќе трае до завршување на работните активности. 

Остани поврзан