• четврток, 30 мај 2024

Без вода денеска делови од скопските општини Карпош, Гази Баба и Центар

Без вода денеска делови од скопските општини Карпош, Гази Баба и Центар

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Струшка“ и „Јуриј Гагарин“ во Општина Карпош.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа на ул. „Струшка“ бр. 4. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Исто така, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Камник“ (по ново ул.„Љубиша Самарџиќ“), вклучително и ресторанот и стрелиштето во Општина Гази Баба. Ппрекинот е поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. „Камник“ (по ново ул.„Љубиша Самарџиќ“).

Поради отстранување внатрешен дефект на водоводна мрежа во комплексот згради „Ист Гејт“ на ул. „Беласица“ бб во Општина Гази Баба, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од наведениот комплекс. Санацијата ќе се врши од страна на приватни фирми.

Од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, поради изведување на водоводен приклучок на ул.„Дане Крапчев“ прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците „Дане Крапчев“, „Дебарца“ и „Славка Недиќ“ во Општина Центар. фф/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан