• четврток, 26 март 2026

Без вода дел од општина Центар поради дефект

Без вода дел од општина Центар поради дефект

Скопје, 19 септември 2025 (МИА) - Без вода за пиење утрово е дел од општина Центар поради дефект, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Поради уличниот дефект на „Орце Николов“, покрај корисниците од оваа улица, со прекинато водоснабдување се и улиците „Максим Горки“, „Никола Кљусев“ и „27 Март“.

Водоснабдувањето било прекинато од 8:30 часот, а ќе трае до санирање на дефектот. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан