Без вода дел од општина Сарај
- Дефект на приклучна цевка на ул. „2“ во Сарај, кај средното училиште во општина Сарај, ќе се санира денеска, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - Дефект на приклучна цевка на ул. „2“ во Сарај, кај средното училиште во општина Сарај, ќе се санира денеска, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.
Поради дефектот, од синоќа во 21.30 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците на дел од улицата „2“ - околу 20 куќи, амбулантата и училиштето. хс/
Фото: МИА архива