Без вода дел од општина Бутел
- Без вода денеска од 08:55 часот се дел од корисниците од улиците „Вангел Нечевски“, „1550“ и од Качанчки пат.
Скопје, 22 мај 2025 (МИА) - Без вода денеска од 08:55 часот се дел од корисниците од улиците „Вангел Нечевски“, „1550“ и од Качанчки пат.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од ф 150мм на ул.„Вангел Нечевски“ бр.25 во населба Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. дма/
Фото: МИА архива