Без вода делови од Чаир, Бутел, Топанско Поле и Гази Баба
- Без вода денеска од 9 часот се дел од корисниците од Чаир, Бутел, Топанско Поле и Гази Баба.

Скопје, 6 февруари 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9 часот се дел од корисниците од Чаир, Бутел, Топанско Поле и Гази Баба.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект ф-400 на улица „Џон Кенеди“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/сст/
Фото: МИА архива