• четврток, 26 март 2026

Без вода делови од Центар и Трнодол

Без вода делови од Центар и Трнодол

Скопје, 16 септември 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9:30 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во општина Центар. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради водоводен дефект на улица „Народен Фронт“ без број, кај Цветен пазар. 

Поради реконструкција на водоводна мрежа на улица „Кнез Трпимир“ бр.19, прекин во водоснабдувањето од 9:15 часот ќе имаат корисниците од населбата Трнодол.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите. мд/сст/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан